Убиен вториот човек во египетската хиерархија на ИД
31.03.2016 11:38
Според медиумите, убиениот е Мохамед Насер Маадан или „вториот човек“ во групата „Ансар бејт ал макдис“, која пред повеќе од една година и се заколна на верност на ИД.

Египетските командоси во северниот дел на полуостровот Сина ликвидирале еден од лидерите на локалната ќелија на џихадистите од Исламска држава, активна во Египет.
Според медиумите, убиениот е Мохамед Насер Маадан или „вториот човек“ во групата „Ансар бејт ал макдис“, која пред повеќе од една година и се заколна на верност на ИД.
Покрај Маадан биле убиени и неколку џихадисти, кои го обезбедувале својот лидер.
