Стојанов: Бугарија треба да е адвокат на Македонија во ЕУ
Поблиска држава од Македонија немаме. Меѓу најважните улоги на Бугарија во Европската Унија е да биде адвокат на Македонија во нејзините напори за членство во Унијата, изјави поранешниот бугарски претседател, Петар Стојанов за „БГНЕС“.

Бугарија треба да е адвокат на Македонија во ЕУ, бидејќи Софија нема поблиска држава од неа, смета поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов.
„Во последните шест месеци трипати се видов со претседателот на Македонија, Иванов по различни поводи и верувам дека неговите зборови за Бугарија се токму повик за поинтензивни односи меѓу двете земји. Бугарија е стара држава, со историја, со традиција, со самодоверба, со сегашност, која исто така, дава самодоверба затоа што е земја- членка на НАТО и на Европската унија. Поблиска држава од Македонија немаме. Меѓу најважните улоги на Бугарија во Европската Унија е да биде адвокат на Македонија во нејзините напори за членство во Унијата“, изјави поранешниот бугарски претседател, Петар Стојанов за „БГНЕС“.
Претседателот Иванов во неодамнешното интервју за „БГНЕС“ повика на поинтензивни односи меѓу двете држави.
