Пакистан: Пет терористи убиени во престрелка со полицијата
31.03.2016 11:55
По добиена дојава, пакистанската полиција ја обиколила куќата и побарала од осомничените да се предадат.

Најмалку петмина терористи осомничени за соработка со Ал Каеда се убиени во престрелка со пакистанската полиција во градот Лахоре.
По добиена дојава, пакистанската полиција ја обиколила куќата и побарала од осомничените да се предадат. Откако одбиле почнала престрелката за време на која биле убиени четворица терористи, додека петтиот починал на пат кон болница.
Полицијата трага по уште неколку осомничени кои успеале да избегаат.
