На подрачјето од Пијанец и Малеш

Откупот на тутун од минатогодишната реколта е во завршна фаза

25.01.2014 14:39

На подрачјето од Пијанец и Малеш откупот на тутун од минатогодишната реколта е во завршна фаза. Компанииите „Далија-табак“ од Делчево и „Соко-таб“ од Битола  од тутунопроизводителите во општините Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово до сега имаат откупено над 120 тони тутун.

- На ова подрачје беа застапени сортите „прилеп“ и „басмак“. Поради сушното лето приносите по единица површина се под очекуваните, но  квалитетот на тутунот е на  мошне високо ниво, вели раководителот на  „Сокотаб“ Георги Манчев.

Просечната заработувачка на тутунарите се движи од 1.000 до 1.500 евра, а просекот на откупната цена  за сортата „прилеп“ изнесува 170 , а за сортата „басмак“ 200 денари за килограм.

- Задоволни сме од проценката на откупувачите и од субвенцијата па затоа во наредната производна година ќе засадиме поголеми површини, изјавија тутунопроизводителките Татјана Ромовска и Илинка Поповска од селото Вирче.

Според најавите од „Далија-табак“  откупот на тутун  од реколтата 2013 година,  во Пијанечко-малешевскиот крај ќе заврши заклучно со 15 февруари годинава