Хашки трибунал: Шешељ не е виновен за злосторства против човештвото
Доказите покажале дека соработката со Слободан Милошевиќ била околу тоа да се бранат србите или да се зачува Југославија, а не да се извршуваат злосторства.

Хашкиот трибунал прогласи дека лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ не е виновен за злосторства против човештвото. Доказите покажале дека соработката со Слободан Милошевиќ била околу тоа да се бранат србите или да се зачува Југославија, а не да се извршуваат злосторства.
Се отфрла и одговорноста на Шешељ за прогонства на население. Советот оцени дека плановите за голема Србија биле политички, а не злосторнички мотивирани. Лидерот на радикалите во притвор во Хашкиот трибунал мина скоро 12 години, од февруари 2003-та година кога се предаде и доброволно замина, до ноември 2014-та година, кога беше пуштен да се брани од слобода поради нарушена здравствена состојба.
