Повторно одложена Комисијата за политички систем
31.03.2016 13:02
И пратениците од СДСМ не дојдоа, со образложение дека сѐ додека ВМРО-ДПМНЕ не реши да почне дебата за извештајот на Јанева, пратениците на СДСМ нема да учествуваат во работата на Комисијата.

Уште еден неуспешен обид на Комисијата за политички систем да расправа за 6-месечниот извештај на Специјалното јавно обвинителство. Јанева не дојде во Собранието, бидејќи како што вели, законот не ја обврзува лично да го презентира писмениот извештај.
И пратениците од СДСМ не дојдоа, со образложение дека сѐ додека ВМРО-ДПМНЕ не реши да почне дебата за извештајот на Јанева, пратениците на СДСМ нема да учествуваат во работата на Комисијата.
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека избраните функционери даваат отчет за нивната работа во Законодавниот дом.
