Средба Попоски- Хан во Драч
31.03.2016 13:33
Министерот Попоски во Драч учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан...

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, во Драч учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан.
Се разговара за можностите за поголема прекугранична соработка, со акцент на екологијата и еко-туризмот, како и на можностите за подобрување на инфраструктурата.
Доцна синоќа, шефот на македонската дипломатија оствари средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Било разговарано за политичката состојба во Македонија.
