Чешка донација за набавка на 25 возила за МВР

31.03.2016 13:55

Ќе се користат на границата за поефикасно справување со бегалската криза...

Нова чешка донација за македонската полиција од 25 возила во износ од 740 илјади евра. Ќе се користат на границата за поефикасно справување со бегалската криза.

Благодарност до чешката Влада и МВР за несебичната поддршка за справување со мигрантската криза, знаејќи дека ова е трета донација од нивна страна што е директно наменета за полициските службеници, изјави министерот Спасовски.

Потсети дека со првите две во вредност од 125 илјади евра се донирани шатори, греалки, кревети, вреќи за спиење, мантили за дожд, изотермални фолии и генератори за струја.

Амбасадорот на Чешката Република, Мирослав Рамеш изрази благодарност за добрата соработка меѓу министерствата за внатрешни работи на Чешка и Македонија.

Сметам дека тоа е добра соработка и тоа покажува добри односи. Не сме сами во тоа и нашите партнери од Вишеградската група Полска, Унгарија и Словачка исто така се подготвени конкретно да помогнат на Македонија, рече Рамеш.