Најмалку 14 жртви при уривање на мост во Калкута
31.03.2016 14:02
Делови од мостот којшто бил во фаза на конструкција во последните пет години паднале врз автомобили во движење.

Најмалку десет луѓе загинаа, а над 150 се водат како исчезнати кога се урна мост во индискиот град Калкута во област каде што има густ сообраќај.
Делови од мостот којшто бил во фаза на конструкција во последните пет години паднале врз автомобили во движење. Полицијата соопштила дека до сега се извлечени околу 15 луѓе кои се здобиле со тешки повреди.
Ваквите градежни несреќи се честа појава во Индија и во Јужна Азија бидејќи изведувачите не ги почитуваат прописите и користат материјали под стандардите.
