Демонстрации во Франција поради новиот закон за работа

31.03.2016 14:44

Според информациите, демонстрантите наводно се судриле со полицијата. Во Нант се обиделе да влезат во градското собрание и да ги искршат прозорците.

Француската полиција употребила солзавец за да го разбие протестот во Париз против новите реформи за законот за работа.

Според информациите, демонстрантите наводно се судриле со полицијата. Во Нант се обиделе да влезат во градското собрание и да ги искршат прозорците.

Француските власти се обидуваат да ја намалат високата стапка на невработеност и предлагаат намалување на плаќањето на дополнителната работа преку пропишаните 35 часа неделно.