Меморандум за соработка меѓу Советот за унапредување и надзор на ревизијата на РМ и Естонската ревизорска асоцијација
На средбата беше истакната соработката помеѓу Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија и Естонската ревизорска асоцијација.

Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија Соња Ѓелова-Стојанова и претседателот на Естонската ревизорска асоцијација Мерт Мартин Аренгу денеска во Талин, Република Естонија, потпишаа Меморандум за соработка.
На средбата беше истакната соработката помеѓу Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија и Естонската ревизорска асоцијација. Претседателот на Естонската ревизорска асоцијација изрази подготвеност за соработка со Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија преку учество во заеднички проекти финансирани од ЕУ во насока на развој на електронски систем во областа на ревизијата, што ќе допринесе за унапредување на ревизијата во Република Македонија. Идејата беше прифатена од страна на претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија.
Овој настан беше поддржан и со присуството на македонскиот амбасадор во Естонија, Сашо Велјановски и од естонскиот амбасадор за Македонија, Даниел Шаер.
Во меѓусебната соработка активно ќе бидат вклучени и вработените во институциите од двете држави кои ќе разменуваат информации, знаење и вештини со кои ќе се зајакнат внатрешните капацитети на институциите.
