Ханес Рајхелт најбрз на Штрајф во Кицбил
Австрискиот скијач Ханес Рајхелт е победник на спустот за Светскиот куп што се возеше во Кицбил. На легендарната писта Штрајф, тој беше најбрз пред второпласираниот норвежанец АкселЛунд Свиндал, кој заостана 21 стотинка и американецот Боде Милер, кој со 34 стотинки послабо време се најде најниско на подиумот.

На задоволство на 50.000 домашни фанови Рајхел на австријците им го подари најпрестижниот спуст трофеј и тоа по осум години чекање, откако Михаел Валхофер во 2006-та триумфираше во Кицбил. За 33 годишниот Рајхел ова е само втора спуст победа во кариерата, откако премиерната ја оствари пред месец дена во Бормио. Новиот снег во Кицбил диктираше измена на патеката, па скијачите не финишираа преку познатиот Хаузбергкант, туку го користеа слаломскиот колосек во Кицбил.
Утре во Кицбил се вози суперкомбинацијата. Супер-Џи трката стартува во 10 часот, а слаломот во 15.15 часот.