Хан: ЕУ поддржува избори на 5-ти јуни

31.03.2016 15:04

Еврокомесарот Хан за МТВ потврдува дека тема на разговор на средбата со министеорт Попоски биле претстојните избори. Ги повика политичките партии и ДИК да организираат фер и демократски избори, на кои ќе победи партијата со подобри аргументи...

Европската унија поддржува избори на 5-ти јуни. Ова е пораката што еврокомесарот Хан му ја пренел на министерот Попоски на синоќешната средба во Драч. Хан за МТВ потврдува дека тема на разговор биле претстојните избори. Ги повика политичките партии и ДИК да организираат фер и демократски избори, на кои ќе победи партијата со подобри аргументи.

„Несомнено треба да има избори. Релевантните власти, а особено Државната изборна комисија прават се што е во нивна моќ да го подготват избирачкиот список, што не е оспорено од никого. Немам индикации дека тоа не е возможно. Тоа беше причината поради која имаше меѓународен притисок да се одложат изборите, но сега би требало да има доволно време да се направи се што е неопходно. Го имаме фамозниот договор од јуни-јули, а конечната поента од тој договор беа фер избори меѓународно признаени кои ќе бидат основа за натамошниот развој на земјата особено кога станува збор за Евро-атлантските интеграции“, изјави еврокомесарот Хан.