Забрана за ДИК да обезбедува е-пристап до личните податоци
Се забранува ДИК да обезбедува електронски пристап до личните податоци во избирачкиот список, и да објавува на својата веб страница лични податоци на физички лица, содржани во списокот на неконзистентни записи, предмет на теренски проверки, соопштуваат од Дирекцијата.

По вонреден инспекциски надзор во Државната изборна комисија за објавувањето на личните податоци од избирачкиот список на нејзината интернет страница, Дирекцијата за заштита на личните податоци донесе две привремени решенија.
Се забранува ДИК да обезбедува електронски пристап до личните податоци во избирачкиот список, и да објавува на својата веб страница лични податоци на физички лица, содржани во списокот на неконзистентни записи, предмет на теренски проверки, соопштуваат од Дирекцијата.
Личните податоци, содржани во избирачкиот список, се заштитени во согласност со законот и не смеат да се употребуваат за ниедна друга цел, освен за остварувањето на избирачкото право на граѓаните. Дирекцијата појаснува дека Државната изборна комисија нема правен основ да врши обработка преку објавување лични податоци на физички лица, кои ќе бидат утврдени како неконзистентни записи и ќе бидат предмет на теренски проверки, стои во дописот.
Од ДИК за МТВ потврдија дека Комисијата ќе ги разгледува решенијата.
