Во јавниот сектор вработени 128.347 лица во 1.288 институции
Регистарот кој првпат се објавува е своевиден попис тврди, Арсовска- Томовска, а податоците во него се сериозно проверени.

Министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска- Томовска го објави првиот годишен извештај за податоците од Регистарот на вработени во јавниот сектор. Тој содржи 80 страници, близу дваесетина пресеци.
Во него се опфатени 1.288 институции и 128.774 вработени во јавниот сектор. Регистарот кој првпат се објавува е своевиден попис тврди, Арсовска- Томовска, а податоците во него се сериозно проверени.
Најмногу вработени има во јавните установи 64.168, каде најбројни се во образованието, 34.338, по што следат тие во установите од здравството, труд и социјална политика и култура, информира министерката Арсовска- Томовска.
Поголема е застапеноста на жените кои се 53 проценти од вработените во институциите на јавниот сектор, а процентот на мажите е 47. Просечната старост на вработени изнесува 45,1 година, при што најмногубројна е групата со старост од 46 до 55 години.
Со високо образование се 47.529 од вработените, односно 43,37 проценти од вкупниот број, а во јавниот сектор има вработени и 2.165 мажи.
