Разврска на политичката криза за да не трпи стопанството
„Разврска на политичката криза преку избори за да не трпи стопанството“ – пораки на дел од дипломатите и бизнисмените. Но, не само економијата, излезот од политичкиот ќор-сокак е потребен за напредокот на целото општество, заклучок од денешната панел – дискусија на угледниот „Економист“...

Изборите се клучни за почеток на крајот на политичката криза- заклучија амбасадорот на Италија и заменик- амбасадорот на Велика Британија во земјава, на панел дискусија на Економскиот факултет. Според нив, економијата и сите останати клучни области во земјата зависат од решавањето на кризата и од другите предизвици со кои се соочува целиот свет.
„На претстојните избори гледаме како можност за завршување на кризата. Македонската економија не може да издржи долг период на нестабилност. И италијанските инвеститори чекаат на решавање на политичките проблеми во земјава. Европската унија беше инволвирана многу во наоѓањето завршница и знаеме дека вашата земја има капацитет за тоа“, вели Ернесто Белели, амбасадор на Италија во Македонија.
Останатите учесници се согласија дека изборите се клучот за напредокот на целото општетство. Сите области се во корелација со актуелната политичка состојба.
Освен изборите, на панел дискусијата акцент се стави и на интеракцијата со соседите како важен елемент за решавање на сите проблеми.
Катерина Топалова
