ДУИ одлучи да ги повлече претставниците во извршната власт

01.04.2016 08:27

Раководството на ДУИ одлучи да ги повлече своите актуелни претставници од извршната власт на Република Македонија, соопшти синоќа партијата...

Централното раководство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) реши да ги повлече своите претставници од извршната власт, соопшти синоќа партијата.

Претседателството, исто така, ги потврди статутарните права и ги делегира сите извршни права и овластувања за донесување одлуки на претседателот на партијата Али Ахмети за да реши за следните чекори на Демократската унија за интеграција.

ДУИ, исто така, ја информира домашната и меѓународната јавност дека ќе ги преиспита своите политики во наредните денови, се вели во соопштението.