Закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари

01.04.2016 10:22

Во 5 општини е објавен оглас за закуп на нови 1.100 хектари државни земјоделски површини. Понудените парцели не се поговеми од 3 хектари, а предност за закуп има населението во близина на земјиштето, односно земјоделците кои ќе произведуваат едногодишни и повеќегодишни култури.

Вкупно на огласот се понудени скоро 1.150 хектари во Свети Николе, Велес, Прилеп, Пробиштип и во Радовиш.

Нивите можат да се користат за одгледување на едногодишни и повеќегодишни култури, за лешници и за рибници, за период од 15 години до 70 години.

Максималната површина која може да се даде во закуп на еден земјоделец е до 3 хектари.

Изборот на најповолен понудувач се врши врз основа на највисока понудена годишна закупнина по хектар, а предност односно најголем број бодови ќе има населението во близината на земјиштето.

Почетната цена на закупот за хектар се утврдува во зависност од местоположбата и катастарската класа.Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас.

 

Методија Трајков