Јолевски на министерски состанок во Виена

01.04.2016 10:45

Министерот Јолевски ќе учествува на министерскиот состанок на Централно- европската одбранбена соработка што ќе се одржи денеска во Виена...

Министерот за одбрана Зоран Јолевски ќе учествува на министерскиот состанок на Централно- европската одбранбена соработка што ќе се одржи денеска во Виена.

На состанокот министрите за одбрана на Македонија, Австрија, Чешка, Хрватска, Унгарија, Црна Гора, Србија, Словенија и Словачка ќе разговараат за бегалската криза што ја зафати Европа, состојбата околу  балканската рута, како и можностите за соработка на државите  низ кои таа минува, соопшти Министерството за одбрана.