Априлијада за Денот на шегата

01.04.2016 09:47

Во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје претпладне од 11 часот ќе биде организирана забава за деца од градинките и од основните училишта.

По повод Денот на шегата 1-ви април, на плоштадот „Македонија“ ќе се одржи традиционалната манифестација „Априлијада - Скопје се смее“.

Во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје претпладне од 11 часот ќе биде организирана забава за деца од градинките и од основните училишта.

Ќе настапи фолклорната секција на Детскиот културен центар  „Карпош“, „Златно Славејче“ и танцови групи од основните училишта.

За возрасните вечер од 21 часот на плоштадот ќе има ноќна забава и маскенбал со настап на познати музичари, групи и диџеи.