ДИК ќе го повлече од јавен увид избирачкиот список

01.04.2016 09:07

Членовите на ДИК решија и да ги обжалат решенијата на Дирекцијата за заштита на личните податоци пред Уставен суд, бидејќи како што велат, се во спротивност со изборниот законик...

Државната изборна комисија реши да ја почитува забраната на Дирекцијата за заштита на личните податоци и ќе го повлече од јавен увид избирачкиот список, како и списокот со неконзистентни записи.

Членовите на ДИК решија и да ги обжалат решенијата пред Уставен суд, бидејќи како што велат, се во спротивност со изборниот законик.

Во однос на теренската проверка, информираат дека таа се одвива без поголеми проблеми, но побавно од очекуваното.

На некои места теренската проверка е веќе завршена.