Од денеска пониска цена на 165 лекови

01.04.2016 11:14

Антибиотици, лекови за третман на висок крвен притисок, депресија, леукемија, канцер- по девети пат се намалија цените на лековите...

Од денеска, ново поевтинување на цената на лековите. Опфатени се 165 оригинатори и генерики. Здравствените власти пресметале вкупни заштеди од 653 илјади евра. Ова е деветто намалување на цената на лековите.

„Лекови кои се користат за третман на висок крвен притисок, каде што имаме намалување од 50 проценти кај рамиприлот и 40 проценти кај валсартанот. Големо намалување има и кај лековите кои се користат за третман на депресија, како мирзатенот и велафаксот - тоа се лекови кои пациентите ги купуваат од аптеките и ќе го почувствуваат бенефитот“, изјави Марија Серафимовска Дарковска- директор на агенцијата за лекови.

Дел од лековите се намалени повеќепати, а дел биле опфатени во сите девет фази. Во земјава, во последните четири години лековите се намалуваат двапати годишно, во март и во октомври.