Најмалку 50 припадници на ИД работат на аеродромот „Завентем“
Според белгиските медиуми, припаднците на радикалната група имаат пропусници и можат да влезат во авионот...

Најмалку 50 припадници на Исламска држава моментално работат на бриселскиот аеродром „Завентем“, каде што пред една недела имаше терористички напад, пишуваат белгиските медиуми.
Според нив, припаднците на радикалната група имаат пропусници и можат да влезат во авионот. Во писмо од полицајците кои работат на аеродромот се наведува дека властите одзеле пропусници на неколку лица кои се блиски до Исламска држава, но не и на оние кои се вработени во продавниците, одделенијата за чистење или за багаж.
Белгиската полиција во писмото наведува дека терористите со помош на шпионите ја тестирале безбедноста на надлежните служби на аеродромот пред да тргнат во аикција.
