Тина Мазе славеше на спустот во Кортина д‘Ампецо
Словенечката шампионка Тина Мазе беше најбрза на 2660 метри долгата спуст патека на Олимпија деле Тофане во Кортина д’Ампецо. 1:37:79 е победничкото време на словенката која и се радува на својата прва победа во Светскиот ски куп во оваа сезона. На шестиот спуст зад неа останаа швајцарката Мариане Кауфман Абдерхалден која за третиот подиум во сезоната задоцни 31 стотинка и третопласираната Тина Вајратер од Лихтенштајн која обезбеди втор подиум за два дена откако вчера беше втора на спустот во Кортина.

Словенечката шампионка Тина Мазе беше најбрза на 2660 метри долгата спуст патека на Олимпија деле Тофане во Кортина д’Ампецо. 1:37:79 е победничкото време на словенката која и се радува на својата прва победа во Светскиот ски куп во оваа сезона. На шестиот спуст зад неа останаа швајцарката Мариане Кауфман Абдерхалден која за третиот подиум во сезоната задоцни 31 стотинка и третопласираната Тина Вајратер од Лихтенштајн која обезбеди втор подиум за два дена откако вчера беше втора на спустот во Кортина. Вчерашната победничка на спустот во италијанскиот зимски центар Марија Хефл Риш направи многу грешки и мораше да се задоволи со четвртото место. Интензивната недела на брзи трки во Кортина д’Ампецо завршува утре со возбудувањата во супер џи што почнуваат точно напладне.
