Катастарот воведе ВИП постапка за регистрација на имот за шест дена
Со неа пренесувањето на недвижност од едно на друго лице ќе се врши во три чекори за шест дена. Разликата во цената со постоечката постапка, која досега траеше 30 дена е од три до шест илјади денари...

Катастарот воведе ВИП постапка за регистрација на имот. Со неа пренесувањето на недвижност од едно на друго лице ќе се врши во три чекори за шест дена. Разликата во цената со постоечката постапка, која досега траеше 30 дена е од три до шест илјади денари.
Според директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпевски, со воведувањето на дополнителната ВИП постапка им се овозможува на граѓаните да имаат избор на кој начин сакаат да ја регистрираат недвижноста.
По извршените законски измени постапката стана ефективна од почетокот на годинава во хартиена форма, а од денеска со надградбата на е-шалтерот на Катастарот на граѓаните и правните лица им е достапна по електронски пат.
Се очекува ВИП постапката да има големо влијание на новиот извештај на Светска банка, Катастарот би имал подобрување на рангирањето за најмалку 10 места.
