Град Скопје ќе додели садници на урбани месни заедници и куќни совети

01.04.2016 12:58

Заинтересираните куќни совети и месни урбани заедници треба да поднесат барање за доделување садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје од 4-ти до 13-ти април годинава.

Пролетна акција на Град Скопје за доделување 2 илјади листопадни и зимзелени дрвца од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ на заинтересирани куќни совети и урбани месни заедници.

Заинтересираните куќни совети и месни урбани заедници треба да поднесат барање за доделување садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје од 4-ти до 13-ти април годинава.

Ќе бидат доделени најмногу до 10 садници на едно барање, а дрвцата ќе бидат засадени од вработените лица во јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.