Комисија за надзор на работата на УБК и Агенцијата за разузнавање

01.04.2016 13:04

По две паузи и меѓусебни консултации, Комисијата реши да расправа по информацијата за можните безбедносни ризици и закани од регионален и глобален аспект со импликации врз безбедноста на државава.

Во Собранието, седница на Комисијата за надзор на работата на УБК и Агенцијата за разузнавање. По две паузи и меѓусебни консултации, Комисијата реши да расправа по информацијата за можните безбедносни ризици и закани од регионален и глобален аспект со импликации врз безбедноста на државава.

Предлогот го достави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Иако, опозицијата беше против, сепак ќе се расправа и за извештаите за работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање.