Агенција за пошти: Јавниот увид во адресите ја прекршува приватноста

01.04.2016 13:06

Директорот Атанасовски смета дека со неограничениот и јавен увид во адресите на граѓаните запишани во избирачкиот список се прекршува уставната гаранција за слободата и тајноста на писмата.

Со увид во поштенските адреси на речиси сите граѓани на Република Македонија се прекршува уставната гаранција за почитување и заштита на приватноста, децидни се од Агенцијата за пошти.

Директорот Атанасовски смета дека со неограничениот и јавен увид во адресите на граѓаните запишани во избирачкиот список се прекршува уставната гаранција за слободата и тајноста на писмата.

Од Агенцијата предупредуваат дека со јавниот увид на адресите, граѓаните се ставаат во позиција да бидат мета и на организации кои имаат криминални цели.