Хан: ЕК го цени придонесот на Македонија во справувањето со бегалската криза

01.04.2016 13:22

Западно-балканските земји, особено Македонија и Србија, многу придонесоа за транзитот на бегалците, приспособувањето и намалувањето на брановите бегалци во изминатите месеци, смета еврокомесарот Хан...

Европската комисија особено го цени придонесот на Македонија и на Србија во непречениот транзит на мигрантите и добрата координација со земјите од Балканската рута, изјави еврокомесарот Хан во Драч по завршувањето на министерската конференција.

„Западно-балканските земји, особено Македонија и Србија, многу придонесоа  за транзитот на бегалците, приспособувањето и намалувањето на брановите бегалци во изминатите месеци. Тоа е резултат на Западно- балканскиот самит организиран од претседателот Јункер, лани во октомври каде што се согласивме на заедничка координација и оттогаш секоја среда се одржува видеоконференција меѓу претставниците на земјите“, изјави еврокомесарот Хан.