За 250 денари без стан?!

25.01.2014 16:16

Акционерското друштво нема намера да се откаже од наплатата на долгот што кон претпријатието го има АДГ „Трудбеник„.Директорот Цветко Грозданов денеска појасни дека ова не е единствен случај во кој што се постапува согласно правосилна судска одлука,бидеќи се работи за еден од 800-те правни субјекти против кои се водат постапки.Лицата  имаат уредна документација дека ги платиле становите рече тој,поради што се можни одредени отстапки.

„Она што можам да го ветам на граѓаните на Охрид е дека ако најдеме одреден компромис со фирмата и газдата на „Трудбеник“,јас како директор на акционерското друштво можам да го одложам,но не и да се откажам од извршувањето„ рече Цветко Грозданов-Директор на А.Д. за стопанисување со стамбен и деловен простор

На сопствениците на становите сеуште не им е јасно како тие може да бидат предмет на должничко доверителни односи помеѓу два правни субјекти,само поради тоа што навреме не извадиле имотни листови,кои чинат 250 денари.

Сашо Нелоски