Тензии меѓу телохранителите на Ердоган и новинарите
Телохранителите на Ердоган се судриле со новинарите, обидувајќи се од Институтот Брукингс каде што турскиот претседател требало да одржи говор, да избркаат еден новинар.

Тензии при посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Вашингтон, каде што присуствува на Самитот за нуклеарна безбедност. Телохранителите на Ердоган се судриле со новинарите, обидувајќи се од Институтот Брукингс каде што турскиот претседател требало да одржи говор, да избркаат еден новинар.
Обезбедувањето на Институтот реагирало и ги замолило телохранителите на Ердоган да ја напуштат просторијата. Претходно, турски официјални претставници го спречиле новинарот Адем Арслан кој работи за опозициски медиум да влезе во Институтот.
Турската делегација пред институтот беше дочекана и од група демонстранти кои протестираа поради односот на Турција кон Курдите.
