Почна пресметувањето на двата индекси на регионалната берзанска платформа

01.04.2016 14:21

Од нашите компании со индексите се опфатени Комерцијална банка и Алкалоид.

Од денес, почна да се пресметуваат првите два индекса на регионалната берзанска платформа. Во составот на индексите влегуваат акциите на 10-те најликвидни компании коишто котираат на трите берзи и тоа: 5 од Хрватска, 3 од Бугарија и две од Македонија.

Од нашите компании со индексите се опфатени Комерцијална банка и Алкалоид.

Базната вредност на двата индекса е 100 поени и ќе се пресметуваат во реално време во евра.

Од Берзата велат дека со ова ќе се придонесе кон поголема видливост на регионалните пазари на капитал, како и за поголема транспарентност.

Регионалната платформа ќе помогне да се интегираат националните пазари на капитал, кои се со вкупна пазарна капитализација од 30 милијарди дочари, а се тргува со 400 акции од трите котирани берзи.