Новото намалување на лековите е дополнителна заштеда за граѓаните
Во последните осум намалувања на цените на лековите се направи заштеда од 33 милиони евра за граѓаните...

Од денеска цените на 165 лека се намалени. Станува збор за деветто по ред намалување на цените на лековите согласно со методологијата на Министерството за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија.
Во последните осум намалувања на цените на лековите се направи заштеда од 33 милиони евра за граѓаните. Тие пари наместо да отидат во џебовите на одредени фармацевтски олигарси, останаа во џебовите на граѓаните. Наместо да ги потрошат за лекови, граѓаните ги заштедија. Тоа е главниот бенефит. Ќе продолжиме и понатаму со истражување на пазарот и можностите за намалување на цените на лековите, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
