Житата добро напредуваат
Добро напредуваат површините засеани со житни култури. Влага во почвата има доволно, но се создава проблем за механизацијата која треба да влезе во нивите за пролетнито прскањето со заштитни средства...

Пченицата и јачменот добро напредуваат. Зимата ја поминаа успешно, но во моментов проблемот е високата влажност на почвата која не дозволува тракторите да влезат во нивите за прскање на посевите.
За почетокот на овој месец метеоролозите најавуваат повисоки температури со што и очекувањата на земјоделците се дека навреме ќе заврши третирањето за заштитата на растенијата од штетници и од болести.
Со есенската сеидба беа опфатени повеќе од 100.000 хектари со житни култури од кои поголемиот дел или скоро 80.000 хектари се со пченица.
Јачменот е засеан на 37.000 хектари.
Методија Трајков
