Панама: Истекоа 2,6 терабајти документи и информации

04.04.2016 09:46

„Мосак Фонсека“ е една од најдискретните офшор правни фирми 40 години им помагала на своите клиенти, во услови на целосна неказнивост да перат пари и да не плаќаат даноци.

11,5 милиони документи и 2,6 терабајти информации истекоа од база на една од најголемите адвокатски фирми во Панама кои откриваат како богатите кријат пари.

„Мосак Фонсека“ е една од најдискретните офшор правни фирми 40 години им помагала на своите клиенти, во услови на целосна неказнивост да перат пари и да не плаќаат даноци.

Компанијата никогаш не била обвинувата за криминална дејност. Истечените податоци биле добиени првично од германски „Зидојче Цајтунг“ кој пак ги добил од вработен во фирмата.