Грчкото МНР со реакција на интервјуто на Иванов за „То Вима“

04.04.2016 09:51

Грчкото Министерство за надворешни работи денеска преку соопштение реагираше на интервјуто на македонскиот претседател Иванов за грчкиот весник „То Вима“...

На интервјуто на претседателот Иванов за „То Вима“, реагираше грчкото Министерство за надворешни работи.

Грчката влада не е надлежна да му ги обезбеди потребните информации на претседателот на ПЈРМ и секако не е одговорна за тоа што тој не е информиран за состојбата на односите меѓу двете држави, се вели во кусото соопштение на портпаролот на министерството, Константинос Кутрас.