„Ало докторе“: 1.292 јавувања за седум дена

04.04.2016 09:54

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

За една недела 1.292 повици на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“. Од кога започна со работа линијата за медицински совети, досега се јавиле вкупно 85.213 граѓани.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори вкупно се достапни за медицински совет, а повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за покачен крвен притисок, главоболки, сезонски настинки, симптомна болка, покачена телесна температура и совети поврзани со хронични болести.

На сите оние лица кои побарале медицински совет на телефонската линија им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.