Попоски во Брисел на средба со Даниелсон
04.04.2016 10:00
На средбите ќе се разговара за европските интеграции на Република Македонија, во контекст на извештајот на Европската комисија...

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Брисел ќе има средби со претставници на Европската комисија, вклучително и со генералниот директор на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон.
На средбите ќе се разговара за европските интеграции на Република Македонија, во контекст на извештајот на Европската комисија, но и за предизвиците поврзани со мигрантската криза.
