ДУИ предложи нови министри во Владата

04.04.2016 10:03

Синоќа одлуката на Централното претседателство била донесена едногласно, информираат од партијата. Собранието на пленарна седница треба да ги констатира оставките на министрите и замениците министри од ДУИ и, како што се очекува, да ги избере новите што синоќа ги предложи партијата.

Демократската унија за интеграција со целосно нов предлог за министри и заменици министри во Владата. Синоќа одлуката на Централното претседателство била донесена едногласно, информираат од партијата.

Фестим Халили е предложен за министер без ресор, задолжен за европски прашања, Арбер Адеми за министер без ресор за спроведување на рамковниот договор, Валдет Џафери за министер за правда.

Во ресорот образование и наука за министер е номиниран Пиштар Лутфиу, Дритон Кучи за министер во министерството за економија. Башким Ахмети се предлага да раководи со ресорот животна средина и просторно планирање, а Шухрет Елези за локална самоуправа.

Министер без ресор, задолжен за странски инвестиции е Арлинд Зеќири. Беким Максути се предлага за заменик во министерството за одбрана, Агим Нухиу за заменик во министерството за внатрешни работи, Фатон Положани во транспорт и врски, и Гзим Беадини за заменик во финансии.

Собранието на пленарна седница треба да ги констатира оставките на министрите и замениците министри од ДУИ и, како што се очекува, да ги избере новите што синоќа ги предложи партијата.