Оланд официјално ќе и стави крај на врската со Валери

25.01.2014 17:15

 Претседателот на Франција Франсоа Оланд, според повеќе француски медиуми во наредните часови ќе треба официјално да и стави крај на врската со Валери Триервеилер, непосредно пред нејзиното заминување за Индија.

 Претседателот на Франција Франсоа Оланд, според повеќе француски медиуми во наредните часови ќе треба официјално да и стави крај на врската со Валери Триервеилер, непосредно пред нејзиното заминување за Индија. Интересно е дека приватниот живот на претседателот не влијаеше врз неговата популарност.Повеќе француски медиуми, како БФМ ТВ, весниците „Паризиен“ и „Журнал ди диманш“, преземени од ситу други француски и светски медиуми, најавија дека денес Елисејската палата со соопштение за јавноста официјално ќе му стави крај на врската меѓу Франсоа Оланд и новинарката на Пари Мач, Валери Триервеилер. Според овие медиуми Валери Триервеилер ќе треба да ја напушти резиденцијата на претседателот на француската република Лантерн, во Версај и ќе  се пресели во станот на улицата Коши во 15-от париски арондисман.Нејзиното патување во Индија нема да биде откажано, таа ќе го посети Бомбај во име на асоцијацијата Акција против гладот.Од Елисејската палата засега нема потврда на овие вести, но самиот претседател вети дека до 11 февруари ќе ја појасни неговата ситуација во приватниот живот, пред посетата на семејството Обама во САД.Приватниот живот на претседателот на француската република се најде на првите страници на францускиот и светскиот печат, откако магазионот Клозер објави дека тој има врска со актерката Жули Гаје.„Секој во личниот живот може да помине тешки моменти. Но имам принцип приватните работи да ги решавам приватно“изјави Оланд.Франсоа Оланд кога стана претседател тврдеше дека неговото претседателство ќе биде обично. Неговиот приватен живот наликува на животот на милиони обични французи, затоа тие му простуваат за ова. Но не му простуваат за начинот на кој ја води Франција

 Тони Гламчевски