33 загинати, а 200 повредени во Нагорно Карабах

04.04.2016 10:44

Во местата во кои се водат борбите живеат околу 14.400 лица...

Најмалку 33 лица загинаа, а над 200 се повредени во жестоките судири во Нагорно Карабах, кои започнаа на 2-ри април, се наведува во извештајот на Управата на ОН за координирање на хуманитарни прашања.

ОН посочува дека во местата во кои се водат борбите живеат околу 14.400 лица. Светската организација нема информации за оштетување на инфраструктурата, евакуирање на цивили и за потреба од хуманитарна помош.