ИД егзекутирала 15 свои членови во Сирија
04.04.2016 11:41
На убиствата им претходеле апсења на 35 џихадисти во Рака, кои се извршени во врска со ликвидирањето на Абу Хиџа Ал Тунизи...

Џихадистичката група Исламска држава егзекутирала 15 свои членови во близина на градот Рака во Сирија, што е најмасовната егзекуција од страна на ИД на свои припадници досега.
На убиствата им претходеле апсења на 35 џихадисти во Рака, кои се извршени во врска со ликвидирањето на Абу Хиџа Ал Тунизи, висок раководител на ИД, кој минатата среда загина во воздушен напад.
