Најмалку 53 загинати при поројни дождови во Пакистан

04.04.2016 11:57

Локалните власти соопштија дека во некои делови на Кашмир поплавите предизвикале уривање на покриви од куќи...

Најмалку 53 лица загинаа, а 60 се повредени откако поројни дождови го зафатија северозападниот дел на Пакистан.

Локалните власти соопштија дека во некои делови на Кашмир поплавите предизвикале уривање на покриви од куќи. Осум лица загинале во кашмирското село Сам Гунг откако при лизгање на земјиште биле затрупани две куќи.

Неквалитетната градба на куќите, најмногу во руралните делови на Пакистан, е главна причина за нивно уривање за време на силните пролетни дождови.