Грипот однесе уште една жртва

25.01.2014 17:38

Старецот бил дијабетичар и имал срцева слабост. Починал вчера на инфективанта клиника. Таму со симптоми на грип се хоспитализирани 69 пациенти, осум во тешка здравствена состојба. Здравствените власти велат грипот е смртоносна болест на глобално ниво, најмногу треба да внимаваат луѓето постари од 65 години и хронично болните.

„Апелирам во периодите на вакцинации од грип, да се води сериозна сметка за возрасните популации и ко-морбитните состојби за кои ќе треба да се води сметка и во идните периоди ваквите лица да бидат заштитени од грип“ - Д-р Ѕвонко Миленковиќ- директор на клиниката за Инфективни болести

Освен грипот актуелни во овој период од годината се и сипаниците. Најчесто заболуваат децата, но надлежните регистрираа случај на заболен возрасен човек вработен во арм кој има ситни сипаници. Од Комисијата за заразни болести најавуваат превентивна вакцинација на целата војска, за да се спречи епидемија.

„Лекарите да внимаваат на случаите со осип, поради можност од појава на морбили, бидејќи вработените што се во Армија од каде што е и заболениот, одат за викендите во градовите каде што живеат. Можно е доколку биле во фаза на инкубација да го прошират заболувањето и во другите градови низ Република Македонија“ - Јованка Костова- раководител на превентивниот сектор при Министерството за здравство

Според надлежните, вакцината не не заштитува 100 проценти од мали сипаници, но клиничката слика е многу полесна.. Најголем ризик имаат невакцинираните.

Андријана Атанасовска