Отворен саемот за вработување за студентите од техничките факултети
Компаниите и работниците на едно место. Отворен е третиот саем за вработување за студентите од технички струки. Дел ќе одат на пракса, оние со соодветни вештини, кои одговараат на барањата на стопанството, ќе се стекнат со работно место. Досега се вработиле 100 студенти...

Петнаесет домашни и странски компании бараат студенти од техничките факултети. На Саемот за ваботување им нудат пракса, обука и работно место. Студентите велат, ова е добра можност за да се вработат или да стекнат искуство кое го бараат компаниите.
Компаниите што веќе вработиле или обучуваат студенти од техничките факултети велат дека се задоволни од квалитетот на кадарот. И годинава на саемот им нудат нови можности.
Дефицитот од техничките кадри е реалност, затоа и ги унапредивме студиските програми кои се во чекор со барањата на ИТ секторот, велат од ФИНКИ.
Третиот саем за вработување и практика што почна денес ќе трае три дена и е во организација на ФЕИТ, ФИНКИ, Машинскиот и Технолошко- металуршкиот факултет.
Викторија Милевска
