Седум милиони евра помош за намалување на ризиците од поплави

04.04.2016 14:38

Програмата, проектирана на вкупно 10 милиони евра, ќе се одвива во наредните 2 ипол години...

Стартува втората компонента од програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите, вредна седум милиони евра.

Програмата, проектирана на вкупно 10 милиони евра, ќе се одвива во наредните 2 ипол години, а е наменета за помош на државава во надминување на штетите од ланските поплави, како и за реконструкција и градење поотпорна инфаструктура која ќе спречи поплави во иднина.