Автопат Демир Капија-Смоквица се гради по планираното
Градежните работи на автопатот Демир Капија –Смоквица се одвиваат според планираното, 95 проценти од трасата е пробиена , рече премиерот Груевски кој изврши надзор над работата на автопатот. Завршени се една третина од активностите за изградба на новиот автопат во должина од 28 километри. Досега се инвестирани 46 милиони евра од планираните 210 милиони евра. Изградбата на новата автопатска делница на Коридорот 10 треба да заврши до 2016 година.

„Градежните работи за изградба на автопатската делница Демир Капија-Смоквица се одвиват одлично според утврдената динамика. Досега се пробиени 95 проценти од трасата, значаен дел е веќе тампониран, а мал дел веќе и се асфалтира. Почнува работењето на мостовите. Завршени се една третина од активностите“ - Никола Груевски - премиер на РМ
Коридорот 10 директно ја поврзува земјава значајни трговски партнери. Дури 70 отсто од увозот и извозот се одвива долж Коридорот .Со изградбата на делницата Демир Капија-Смоквица целосно ќе биде заокружена изградбата на Коридорот 10 на ниво на автопат. Неговата должина изнесува 1.451 километар. Премиерот Груевски ја посети и општината Богданци каде беше пуштена во употреба водоводна и канализациона мрежа во вредност од 18 милиони евра .во истовреме беше означен стартот на изградбата на патот од Ѓавато до Богданци проект вреден 6 милиони евра.
Дијана Ценевска