Констатирани оставките на министрите од ДУИ
Собранието ги констатираше оставките на осумте министри и четворицата земеници од редовите на ДУИ. На нова седница ќе бидат назначени нивните наследници. Имињата се комплетно нови. Интегративците на јавноста и ги претставија преку партиско соопштение...

Без расправа, македонското Собрание ги констатираше оставките на 8- мина министри и 4-та заменици од Демократската унија за интеграција. ДУИ ги објави имињата на предлозите за министри и заменици во Владата. Комплетно се нови.
Фестим Халили е предложен за министер без ресор, задолжен за европски прашања, Арбер Адеми за министер без ресор за спроведување на рамковниот договор, Валдет Џафери за министер за правда.
Во ресорот образование и наука за министер е номиниран Пиштар Лутфиу, Дритон Кучи за министер во министерството за економија. Башким Ахмети се предлага да раководи со ресорот животна средина и просторно планирање, а Шухрет Елези за локална самоуправа.
Министер без ресор, задолжен за странски инвестиции е Арлинд Зеќири. Беким Максути се предлага за заменик во министерството за одбрана, Агим Нухиу за заменик во министерството за внатрешни работи, Фатон Положани во транспорт и врски, и Гзим Беадини за заменик во финансии.
Во следниве денови, Собранието треба да ги избере новите министри и заменици.
Претседателството на ДУИ во четвртокот одлучи сите нивни министри и заменици да поднесат неотповиклива оставка со образложение дека процесот за излез од политичката криза е компромитиран со понатамошната дистрибуција и објавувањето на нелегално прислушуваните материјали, кои, според патијата, се во рацете на криминалци.
Миле Ристески
