Апелациja ja одби жалбата на СЈО за притворот на Грујевски
04.04.2016 16:15
Во образложението стои дека решението на Кривичниот совет на скопска единица не е донесено во прв степен за по него да биде дозволена жалба до повисокиот суд...

Недозволена била жалбата на Специјалното јавно обвинителство и на адвокатите на осомничениот Горан Грујевски од случајот „Тврдина“. Ваква одлука донел Апелацискиот суд.
Во образложението стои дека решението на Кривичниот совет на скопска единица не е донесено во прв степен за по него да биде дозволена жалба до повисокиот суд. Тоа значи дека одлуката на Кривичниот совет станува правосилна, а осомничениот Горан Грујевски ќе биде пуштен во домашен притвор.
Грујевски се наоѓа во притвор од 30 март. Тој е првоосомничен во акцијата што СЈО, ја води под оперативно име „Тврдина“.
