Брисел

Спроведување успешни избори за отпочнување на преговорите

04.04.2016 16:19

Очекувањата на Европската Унија се дека може да се надеваме на спроведување на успешни избори на 5-ти јуни, изјави министерот за надворешни работи, Никола Попоски по средбата со првиот човек на Директоратот за проширување, Кристијан Даниелсон. Диполоматот од Брисел доаѓа во посета на Македонија...

Европската Комисија подржува одржување на предвремени парламентарни избори на 5-ти јуни. Не гледа реални причини истите да се одложат. Токму изборите ќе го одблокираат евроинтегративниот пат на Република Македонија- оценува неформалната влада на Европската Унија.

Процесот на подготовка на изборниот процес во фокусот на денешниот состанок на шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски со генералниот директор за проширување на ЕУ, Кристијан Даниелсон.

„Очекувањата на ЕУ се дека можеме да се надеваме на спроведување на успешни избори на 5-ти јуни, со што ќе се отворат вратите за излез од политичката криза, и да се отвори вратата на преговори. Очекувањата се насочени кон градење на оценката на фер клима во делот на прочистување на избирачкиот список, каде главниот збор го има ДИК и МВР, како и медумската атмосфера за која и од ЕУ заблежуваат дека има придвижувања“, изјави министерот за надоврешни работи, Никола Попоски.

На состанокот Попоски истакнал дека исполнети се речиси сите услови за претстојните избори, како  во делот на организација на Владата, така и во делот на законските текстови кои се прифатени во македонското Собрание.

Генералниот директор на Директоратот за проширување, Даниелсон утре доаѓа во Скопје на средба со клучните политички субјети во државата.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ